прибави (св.)
Ако запнеше тој можеше да си прибави и одлична биографија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Татко му, мал железарски трговец во турскиот дел на Скопје, беше спечалил во последно време малце пари на шајките што успеа да ги прибави од Софија преку Коча - па неговиот син, што првпат тука покажа некаква практична смисла, можеше да ужива заслужена издршка за повеќе месеци.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Инаку, управата гледаше да го задоволи интернатскиот народ повеќе со својата демократичност отколку со прибавување на земни блага: таа не водеше никаква сметка за куќниот ред, не поставуваше никакви ограниченија нити во однос на врските со надворешниот свет, така што и водот „Елен” се движеше по свое наоѓање - кога сакаше и каде сакаше, само ако дозволуваат атмосферските услови.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако исправата се наоѓа кај државен орган или орган на државната управа или кај правно или физичко лице кое врши јавни овластувања, а самата странка не може да издејствува исправата да се предаде или покаже – судот, по предлог на странката, ќе ја прибави оваа исправа (чл. 217, ст. 1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој што, застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи се за неговиот имот, нема да ја исполни својата должност или ќе ги злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот се грижи – ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)