прецизира св. и несв.

прецизира (св. и несв.)

4. Или Мисирков, поради непостоењето на претходни истражувања, не можел да ги согледа процесите во развитокот на македонското ослободително движење во неговата целост или пак, во брзината со којашто ја подготвувал книгата, просто не успеал да се доискаже, да го прецизира својот исказ, зашто и во македонската историја националната борба ѝ претходела на политичката: најпрвин се развива движењето за свои цркви и училишта, за свој јазик и учебници, т.е. за национално-културна афирмација во рамките на Турција, па дури потоа и знатно подоцна за организирана борба за „политичка автономија” и за ослободување од Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Теофил Готје прилично интроспективно и самоаналитички ги објаснува и прецизира своите халуцинации и синестетички искуства: „Мојот слух извонредно се разви: Слушав звук на боја: зелени, црвени, сини и жолти тонови доаѓаа во таласи кои јасно се разликуваа”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Самото дело на Гедел е впрочем една алка во долгата верига скована од математичарите за прецизирање на овој поим.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И овде можеме да повлечеме аналогија со вербална игра во која крај зборот коло може да се стави симболот +- за да прецизира дека станува збор за струјно коло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но само откако ја прочитав книгата јас ја погледнав последната страница од корицата во која се прецизираше дека оваа извонредна авантура се случувала во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исто така, со ЗТПОК се прецизира дека под повластени услови можат да се купат најмногу 30% од вредноста на акциите, односно уделите 5 што ги издава претпријатието што се трансформира (чл. 26).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, пак се интервенираше и во овој сегмент – па во членот кој предвидуваше објавување на слободните работни места од страна на работодавачот, се изврши прецизирање дека, покрај другото, во јавниот оглас треба да го наведе и рокот во кој, по истекот на рокот за пријавување, ќе се изврши изборот – доколку, се разбира, со друг закон поинаку не е определено (чл. 3, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Процесот почна и, до носењето на пресудата, беа одржани две рочишта за главна расправа.4 Врз основа на доставениот одговор на тужба, како и на поднесената пресметка – адвокатот на Величковски, усно на записник пред судот, го прецизираше тужбеното барање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против ова решение не беше дозволена посебна жалба, сѐ до септември 2010, кога се прецизираше дека против решението може да се изјави жалба, но дека таа не го задржува извршувањето на решението (чл. 93, ЗИДЗПП/септ.10). 5) давање можност жалбата против конечната пресуда да го нема вообичаеното т.н. „суспензивно дејство“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во врска со неисплатените 25 плати, кои работодавачот му ги должи на Митревски, тој истакнува дека со установата имаат склучено вонсудска спогодба во која се прецизира истите да му бидат исплатени во рок не подолг од три години од неговото повторно враќање на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на крајот се сложи со идејата на Климент Камилски, но сега преостануваше да се прецизираат конкретните области на балканските јазици врз кои ќе работат и на кои ќе ги насочат заклучоците во функција на потрагата по изнаоѓање на спасоносни идеи за иднината на нивните чеда и потомците на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прво, беше прецизирано дека поставувањето на в.д. директор од страна на Владата, во случај ако се констатира дека здравствената установа во која се штрајкува не обезбедила итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата, се однесува на јавните здравствени установи (чл. 288, ЗЗЗ/12) и, второ, беше воведена глоба од 3.000 до 6.000 евра за здравствената установа која нема да обезбеди вршење на здравствена дејност во услови на штрајк (чл. 306, ЗЗЗ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Се прецизира категоријата на лица кои подолго чекаат за вработување, како лица кои биле невработени 12 месеци од претходните 16 месеци или 6 од претходните 8 месеци за лицата под 25 години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)