престрелка (ж.)
Ќе се загрее алиштето и — пам, пум — ќе почнат да пукаат, мислиш некоја престрелка, пушкарање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На оваа граница, дојде и до првите престрелки, загинаа млади граничари. Границата влеваше страв.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На 16 февруари 2001 група албански екстремисти започнаа престрелка со армијата на РМ.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тоа се случи во престрелка со пиштоли помеѓу сопственикот и неговиот соперник.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)