преспие (св.)
Ќе ве молам ако сакате да ми отворите да преспијам кај вас, утрина ќе си одам.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Еднаш ручаа кај еден, вечераа кај друг, а често замркнуваа по реката и ливадите да ја преспијат вечерта во некоја оставена слама на некои гумна или во капиците сено, за да се разбудат утре и ја продолжат својата вообичаена „работа“ — играта по врбите или вириштата, капењето и риби ловење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа ноќ старата ластовица и нејзиното семејство преспаа кај најблиските соседи, под стреата на соседната куќа.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Третата ноќ преспа крај нивниот огон. Виде дека никој не мисли да го гони, но ни таа вечер, ни утредента, никој не проговори ни збор со него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Ќе преспиеме, па ќе видиме! - рече доктор Коста, свесен дека секакво донесување заклучоци во ова време може да биде пребрзано.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како и порано, пак Толе отиде кај Андона и овој го покани да преспие кај него, ама сега веќе начисто дека Толе е излезен од дома.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ѝ ја ставиш кожурката на жена ти под перница за да преспие со неа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се прибира само навечер да преспие и да го собере данокот - по некое јајце - од птиците кои му прават гнезда во куќата: гумнарче, плетварче, тресопатка, дрздалец, саријазма, конопарче, снегарка, гал, грлица, костенарче, сипка, штрк, був и други.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мечката Мирна три години го преспиваше зимскиот сон во една пештера.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А беше токму пладне, кога сите се одмараат преспивајќи.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Кај мене, една ноќ, преспа, вели Огнен Ѓорго, и јас му дадов алишта да се преслече.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некои му велеа да појде со неа во Ерусалим и да преспијат во Маслиновата гора крај Божјиот гроб спроти Велигден кога Христос воскреснува - за да ѝ воскресне утробата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некогаш испијанет, ќе паднеше во некој ендек и тука ќе преспиеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Полковниците испијанети на свадбата, ноќта ја преспаа во училиштето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Повеќето ја преспаа прикаската за зеленобрадиот господар на солунскиот трговец Арон. Заспав и јас.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)