преслуша (св.)
Во овој случај имаме една необична трансформација на мелодијата, но откако човек ќе преслуша повеќе вакви инвертирани теми, ќе почнат да му изгледаат сосема природно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој ден ги имавме решено сите крстозборки што се најдоа кај нас дома, на телевизија на ниеден канал немаше ништо интересно, по сто пати ги преслушувавме најновите касети што Борче ги имаше снимено, и не знаевме што да правиме од досада и од жештина.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Додека го чекаше Ѓорѓе да се јави, тие триесетина секунди ги искористи уште еднаш се преслуша што треба да каже.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мудро и сигурно, бидејќи веќе неколку пати се преслуша самата себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најпосле, никој – барем ниту еден геј-маж – што го слушнал Дејвид Даниелс како пее или кој преслушал снимка од него како пее романтични песни компонирани за сопран, не би можел да не наѕре некаква врска помеѓу неговото усвојување на женскиот гласовен репертоар и настраниот облик на емоционалниот живот што честопати изгледа дека ја придружува хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)