преслап м.

преслап (м.)

Трагата го водеше низ многу млаки и преку многу преслапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја напуштија Маргара, оставајќи ги своите осум другари да ја топат со својата топла крв и оваа чука, како Соколот што го натопија Манол Разов и двата четника Толе ги пречека војводите над самото селце Орле, на преслапта „Мал Гарван", со сите останати четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се јавуваат на некои преслапи, пресеки, ме оставаат под некои слапови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ми порачува дека поради мене стои на преслапот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стојам на преслапот и го следам пристигањето на Даскалов. Дали ме забележа? Прилично е оддалечен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Божји Слап. Преслап. Дума. Казан. Стерна кај Стење. Светена Водица.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Планините на сабајле треба да се лижат штедро, скокотливо, одвнатре по преслапите, по пресеците, по вршниците дал-господ јазици и за на небо и за по земја и под, и над, и пред и по треба да се диши длабоко, однапред да се ублажи налетот на дневниот молк сѐ до следната средба со ноќната граматика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)