пресилен прид.

пресилен (прид.)

Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци ѝ ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабичина усвитена јатка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Размисли - можеби во писмото имало пресилен збор за кој немало место во нејзиното чисто и невино срце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци и ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабочината усвитена јатка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Цела Европа ќе работи во конзерва, но прашањето останува: не требаше ли да претпочитаме извесна доза на мрзливост, поврзана со доброволното служење, некаков безволен и апатичен етос, наспроти нашата пресилена утопија на оперативноста?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Еднаш рече дека ноќе светлината ѝ е пресилна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Спомените и пресилната доза од стварноста што си ја примил, притиска и се празни во сонот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако врските во системот не се ниту пресилни ниту преслаби динамиката станува навистина сложена.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еднаш животот се живее но се умира често од пресилен збор или само така од несреќи разни или од цврста режимска рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Само наслушнував и, се сеќавам, секој надворешен шум, дури и шумот на една тревка, ми се чинеше пресилен и дека ми пречи да го слушнам длабокиот, скриен ромор на водите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со пресилната убавина, ѝ ја скривале вистината. ѝ се натежнало во душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Велеше уште оти пресилниот збор може да убие како куршум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сѐ се одвиваше бргу, со викање, со силни пресилни болки, се кинеше небото, се параше сводот молчаливата ноќ...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Штом сонцето изгреа, од пресилен ветер или самоубиствен нагон, железната жена се преврте преку оградата и падна на улица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И Татко и Камилски како да имаа по едно скршено крило, во пресилните летови на нивните илузии, прелетувајќи ги балканските граници, едниот кон Исток, другиот кон Запад.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во зборот се кријат непознати пејзажи, миризби на исчезнатите времиња, но во пресилни зборови демнат и опасности, кои можат да заведат, неочекувано да експлодираат, да разделат, раскараат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пресилна задача презедовме?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)