премори (св.)
Леташе славејот де ваму, де таму, се премори и ожедне па се упати кон поточето да се напие вода.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Дали можете да дојдете ваму?“ „ШТО?“ „Мораме да го поправиме нашиот вселенски брод. Досегашниот лет нѐ премори. Ќе можете ли да ни помогнете?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со прстите еве, и те милувам. Еј, прстите се патниците кои никогаш нема да се преморат додека патуваат по нашите тела.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)