премлад прид.

премлад (прид.)

Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин од белината израсна неподвижна сенка, потоа, и самиот неподвижен, видов девојка, не постара од мене, со зачудено лице на една премлада Богородица со златномедени очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Моите коски, раскажувал подоцна, биле премлади да се распаднат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но нејзините рано заминаа за Цариград и неа, премлада, ја омажија во Поградец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Премлада беше, и неискусна, за да ги знае мрачните страни на љубовта кои безмилосно го согоруваат срцето на вљубениот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)