премисли св.

премисли (св.)

АНА: Ќе појдам, џанам, туку се премислив, зошто да викам од комшииве кога сега ќе дојдат жетварките и со некоја од нив ќе појдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Еднаш реков да ги направам чекови, како што секој носи, ама се премислив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мече се премислуваше нешто за час и наеднаш му се сврте: - А како би било да дојдам и јас со тебе?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- А ако после се премислиш? – остро рече светлокосиот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некои веќе и се исправија кога Танас се премисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го стегна челото. Миг - два премислуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Келнерот стигна до подиумот врз кој беше музиката. Премислува. Никако да се реши да ја пренесе порачката за трубачот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие би ме убиле, без премислување. Верувај ми.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мислеа и премислуваа: каков ли ѓавол оди низ нивната куќа и растура несреќи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ако мислиш да му се јавиме, тоа значи дека си се премислил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога сѐ беше готово, фотографот уште еднаш се премисли.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се премислија кога веднаш по него се зададе друг човек како води магаре без самар.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред бараката се разделивме. Се колебав дали да ја поканам дома кај нас, но се премислив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Се премисли, ме прашуваат. - Што да премислам, велам. - За тапиите, велат, за земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а тој - дандара-мандара: ако се премислите, работата ќе ве чека, вашата работа вас ќе ве чека, нашата работа секаде нас нѐ чека, си мислиме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, така, ќе се премислат, ќе ме пуштат. - Ајде, оди си, ќе ми речат, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Истата пролет, некои деца од домот „Напредок“ од некој сличен дом, што успеале да избегаат, кога стигнаа во градот и кога чуле за нашиот дом, без премислување летнале да се вратат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Стегни ги забите Леме и сонувај, рече сѐ така смеејќи се, не можејќи да не се смее и, како секогаш, почна муцката да си ја трие со рацете, да се премислува, да се одделува со мислите, да патува...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Морам да признаам, јас бргу се премислив, по седум дена.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Единствено Дукле се врткал околу неа и премислувал што да прави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе