премалку (прил.)
Решивме да направиме свој циркус, да се вежбаме и да појдеме по светот. Беспризорните беа занимливи - имаа премалку леб, премногу фантазија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Вакви особености не можев да забележам кај мене секако затоа што бев зафатен со другите и премалку се контролирав, кај Димка, едноставното и глупаво момче и кај полугладниот, издрпан студент, апсен на првиот ден Велигден, кому зад грб му се потсмеваше дебелата жена на инспекторот, покриена со голема сламена шапка и слична на отровна печурка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не сфаќал. Шеснаесет години! Премногу за маки на сирак, премалку сѐ да се знае.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Предмалку бев со вас. Ве подржував.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ако вечерва во огнот полета и некоја книга повеќе, нема да има толку голема штета како кога во огнот би била фрлена една премалку.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Има премногу уметници, а премалку публика.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Имаме премалку минути а премногу години, за сите тие објаснувања.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Се што се случи, секој бакнеж, секое чувство, секоја солза, секоја тага, секој збор, секоја нежност, секоја насмевка, секоја прегратка, секоја страст, беше премногу за крај, а премалку за збогум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Премалку зборови останаа. Премалку за да звучат поврзано.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Тоа беше премалку, не можеше да ја задоволи неговата љубопитност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)