прекор (м.)

Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Тој може би сега завиен во студените крила на ноќта, се сеќаваше за домашниот топол кат, кај што пикнат под јорган не го слуша пијаниот глас на татка си, кога ќе дојде доцна од град ни плачните прекори од кај мајка си.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Шината, повеќе за себе, рече но јас сетив прекор во нејзиниот глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се борам да бидам закулник и да не го гледам. Зашто немил ми е прекорот во неговите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И зашто има две очи, прекорот е убедлив, не за она во зрелата `рж туку за нешто што и ти не го знаеш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Истрелот одекна со кристален ѕвекот, како сета ноќ да потрепере со соодветен прекор по своите безбројни, невидливи, полилеи, а после се разнесе во осетливото ехо, многу слично на онаа гладна волчја песна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што зборува внукот? Може ли така да се зборува? - Уште си дете! - со прекор рече старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И додека нѐ трупаат двата по патиштата на чадот на крајот од тревите ме следи прекорот на жилките со мирисот на липата околу куќата и летото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Потоа паднал неподвижен, нацицан со животинска крв, тежок, со набабрено око свртен кон потсмешливиот прекор во муцката на чукарето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пресмета дека освен добронамерниот прекор на татко му, казната ќе биде никаква, а добивката - сигурна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Прекорот беше речиси неусетно упатен кон мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чудни се децата, дали воопшто некогаш ги забораваат казнувањата или крутите зборови на прекор и наредбите?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Немаше прекор, ни во нивните лица, ни во нивните срца, само сознанието дека тие мора да умрат за тој да може да остане жив и дека тоа е дел од неизбежниот поредок на нештата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Настана долга, мачна караница без крај, со викотници, цимолења, солзи, прекори и пазарења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нив сетив страшен, нем прекор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги разбирав неговите зборови, низ некоја потсвесна конотација, и како дискретен и тивок прекор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство – љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе