прекопа (св.)
Чичкото беше дојден да прекопа еден дел од нашиот двор.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Копаа луѓето, ги прекопаа дворовите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Утешно е тоа што тие не се сеќаваат на моето име, но нивните служби веќе прекопуваат по картотеките и кај да е доушниците ќе им го шепнат моето име.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Затоа, да ѝ запееме на семенката, да им запееме на оние кои само копаа и прекопуваа и кои сѐ подлабоко ја сокриваа и заштитуваа иднината.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Лево ги препознаваме ниските куќарки, истата калдрма, а пред палатата прекопан е малиот паркинг, ширум е отворена искривената железна порта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)