предупредувачки (прид.)
Татко му го следи под око и препредувачки се поднакашлува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да, заборавивив да спомнам: поигрувањето на прстите ме потсети и на она предупредувачко лулање на гранките и одвај чујното шумолење на лисјата но на онаа надворешна редица дрва во честарот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека песот се узви покрај коњските нозе завивајќи жално прибегна кон газдата за миг а потоа се оддалечи исто ’ржејки и лаејќи најсилно што може, како да сакаше да прати предупредувачка порака на мештаните.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Да не сакаш да си играш со главата? - предупредувачки забележа Киро.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ова беше предупредувачки знак за албанските граничари.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)