превозмогне (св.)
Она што му се спротивставува, она што треба да биде совладеано најчесто само го потсилува неговото значење, ја искажува бурната дијалектика на превозмогнувањето што е неодлачен дел од живиот живот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)