превирање ср.

превирање (ср.)

Преодите како што е оној од печат кон електронски медиуми не се одвиваат без превирања - или, поточно, без преткајување на целата социјална и културна ткаенина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако настаната во периодот од 1989-1992 год, - во, како што самиот автор вели, „време на идеолошки превирања и превреднувања“, „време на ‘пораз’ на марксизмот - идеологија која ги обележи последниве сто години, - книгата нема намера да понуди содржинска анализа на марксистичката или на некоја друга идеологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Историјата на балканските ослободителни движења учи дека балканските народи (Срби, Грци, Бугари) успеале да се ослободат од османската власт во време на големи политички превирања во Европа во кои учествувала и Турција и со помош на големите сили, особено на Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во прво време Богданов стоел настрана од револуционерните превирања во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што сум истовремено во матицата на идеолошки и политички превирања.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова предизвика многу превирања во медиумите, на кампусот и во престолнината на државата, но не дотурка многу далеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)