првороден прид.

првороден (прид.)

Но, не бев јас таа првородената.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секој првороден син бил убиван – му го сечеле главчето на новороденчето, го давеле во вода или го гореле во оган, го фрлале на кучиња или свињи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И многу подоцна убивањето на првородениот е заменето со симболичка жртва – со обрежување. Тогаш е сменета и приказната за Авраам и Исак.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сигурно некои од нив страдале што биле приморани да си го убијат првороденото дете.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)