празнина ж.

празнина (ж.)

Сипаничавиот ги плати своите ракии, ги покри очите со стара војничка шапка и излезе оставајќи зад себе една празнина повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите бели и куси трепки не можат да ја сокријат празнината во жолтите очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Небото нема крв, одговори неговата празнина а ова што мислиш дека е нож само е опашеста ѕвезда. А дали ветровите имаат нозе?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потем зад сето тоа остана заканувачка празнина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Колата завртува зад последната куќа; зад неа останува тапо тропање на тркала и поткови, гаснејќи полека и оставајќи зад себе глува празнина во пустата улица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Добар ден, рече некој од празнината. Добар ден, рече и самиот од празнината како празнина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Виде гола празнина без прегради со едно дно и безвредни хартии на тоа дно и не поверува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Многу познати лица, предмети, зборови, минуваат низ внатрешната празнина и ги менат своите облици до бесцелност А кога ќе минат како колона кртови, тунелите зад нив се глуви и празни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Душата ѝ ја исполни бескрајна празнина, пустош.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сепак, празнината во собата зјапаше, можеше да ја склопи својата челуст и да го затвори во својот мрак, него и сѐ околу него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заборавен за тоа што е околу него, паѓа на колена, вцрвенетите клепачи ги разголуваат зениците стаклено сини и раката замавнува и со секој удар во празнината ги свива силно усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Арсо се отвораше празнина и сам се гледаше во неа, очаен и заборавен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо малаксано се опушташе на леглото, а му се чинеше дека тоне во задушлива празнина и врз лицето му се дипли сребреникава пајажина која му пречи да дише...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сега се извиши по снегот, удирајќи само со една задна нога по празнината над себе, еден докрај совладан волк, пронижан од двете страни и бессилен за сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една празнина под лажичката, што мораше да му поигра, кога се приближуваше вака, па ако сакаше да биде и илјада години ловец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад него ни остана некаква празнина што можеше да се исполни само со молчење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одењето на инженер Александар и девојчето, остави празнина што дури ни оваа планина, ни оваа убавина не можат да ја залечат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само ја чувстуваше бескрајната празнина во себе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исто така, тој, раскажувачот, не си допушта себеси празнините останати внатре ваквото толкување од страна на ликовите, да ги надополни со упади на авторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе