правописен (прид.)
За илустрација на одот и на резултатите од борбата меѓу стари и нови течења доста е да се потсетиме за борбата на христијанството со паганството, реформирањето на Русија од Петар Велики, преродбата на Чесите, Литовците, правописната реформа на Вук Караџиќ итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Повторно ги забележав вообичаените мали правописни грешки, од времето кога беше здрав.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Јас не сум ниту филозоф, ниту правник и моите интервенции се однесуваат на откривање материјални грешки: печатни грешки, правописни прорусти, внесување зборови кои недостигаат итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)