правнук м.

правнук (м.)

Сонцето цел век греело над овој дедо, судбината богато го оженила, среќата со правнуци куќата му ја наполнила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Проаѓале низ миговите на движењето велможи и гладници, татковци на татковците што доаѓале, и ашлачки се клештеле задоволни од тоа што се без страв за синовите, внуците правнуците и правнуците на тие правнуци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оној е Украинец. Има козачки мустаќи – русокосиот, жилав и нервозен тип беше слика на правнукот на Тарас Буљба во сив, старомоден костум.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога сме кај трите деца, од нив почнува една драма која ќе ги засегне и нивните внуци, па дури и правнуци.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но крвта што потекува е ѕидарска крв, тој е син, тој е внук, тој е правнук, тој е праправнук на ѕидарите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се котат арслани и такви што среде сон се разбудиле како внуци и правнуци на Фројд.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)