почитува (несв.)
Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле светна, сепак надмина сѐ, како и Деница, која иако огрева најпосле, со својата светлина ги облева сите ѕвезди кои имаат сончева светлина.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Јас секогаш ќе го почитувам покривот каде Кузман го родила Неда и каде што таа поднесува голема тага.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ние, децата од тесната, зафрлена улица се плашевме од него и го почитавме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но не со ред и за нас, зашто ниеден постар нас децата не нѐ почитуваше, за да седне да ни кажува нешто.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И им ги почитуваше причините.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А законот не е закон ако не се спроведува и не се почитува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Вие го мразите султанот, а ние го почитуваме.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Каде е тука скромноста и почитувањето кон старите? Тој не можеше да се помири со тоа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ми се чини твоето почитување не му попречило да те нагмечи во буваров, - со иронија рече Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во градовите домашните животни не смеат да шетаат на улица, и тоа треба да се знае и да се почитува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Наредба си е наредба. Мора да се почитува. Зашто инаку...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тие се сакаат, се почитуваат и се заштитуваат еден со друг, како да се две деца.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Почитувајте го како свој пријател и другар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Луѓето полека и со големо почитување се повлекоа настрана, правејќи поголем процеп за да минат учителот и Лангачот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најголемо задоволство му е да го слушаме и да го почитуваме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Славејот не ги почитува постарите. Ги навредува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече: - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој можеше да види дека тие се плашат од сѐ и сешто, а стравот е нешто што секој војник го почитува.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)