почеша св.

почеша (св.)

Попот го почеша грбот од ѕидот и се стега да проговори, божем не му се проговара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Снежана в сон ја крена раката да се почеша.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Даме ја почеша долгата црна брада и им одговори: - Простете, ама не барајте си ја бељата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Ве почешува ли учителот со стапот по рацете? - Кој не учи... се знае, а кој учи - не го гиба...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Доксим Тренчески ја фрли корупката од тиквата, се почеша под капата и слезе долу, во ќеварот. Ние стоиме, чекаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го почешува меѓу уши, јас стојам зад него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот од соседната маса за почеша зад увото: - Извинете, но јас не ве разбирам.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мислиш е нафрлена со нешто, а не сака да ја видиш да се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ми оставија време и да се почешам, што се вели. Толку беше набрзина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Соба за младенци, вели Оливера Поточка и се досега да се почеша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запалив цигара во движење, го почешав носот, ја почешав брадата. Не знаев што да правам со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
- Тоа е естетска категорија, креативна постапка и... - му одговори Помошничката на Преведувачот и го почешка по грбот, што на дотичниот не му дојде лошо.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Винстон се наведна и внимателно се почеша по напнатата вена. Беше почнала одново да го клука.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се наведна и повторно се почеша по глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се осмелуваше да се почеша, зашто ако го стори тоа, вената ќе се воспали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Глупости! Глупости! Зарем смее во вакви случаи и да се помислува на тоа дали иследникот смее да си ја искористи раката за обично почешување додека смислува со кое прашање да го започне овој ноќен ден?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, женското јазиче не издржа да не се почеша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Петре побеле, па поцрвене. Голтна, се почеша по тилот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој само тоа и го правеше - задоволно се смешкаше и како маче се подместуваше за да биде почешан на вистинското место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе