поход (м.)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Овде поминале за првпат, во февруари 1943 година. Во Февруарскиот поход, знаеш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога умрел Александар Македонски во походот на Индија, војската - за да го пренесе нераспаднат во татковината - го ставиле во буре со мед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но неа, во 11 век, Европејците, се мисли на Крстоносците од првиот поход, оние, предводените од Боуменд Тарентски, ја уништиле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така и војската на Александар Македонски правела носејќи златни медалјони на гуша кога одела во походи...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Секој спахија од Потковицата беше обврзан да вооружи еден коњаник и двајца пешооди, па така до Потковицата во поход на Маџарско заминаа дванаесет млади потурчени хрисијани, четворица коњаници и осуммина пешооди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
2. Ги построи своите војници – штитови посјајни од оган, мечови што болскаа наспроти морето, им го раздели сето богатство на Македонија, го зеде мечот во десната, левата ја крена кон небото и тргна во походи.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Сите сакале Балканот да биде последен пристан на нивните големи освојувачки походи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веќе некое време учествуваме во победничкиот поход на две претпоставки, концептот за неминовноста на демократијата со пропаста на диктатурите, и концептот за неминовноста на пазарната економија, со пропаста на системот на централното планско стопанство. 6 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Модерниот уметник, симболична личност, идеен творец и слуга на својот сопствен грб: гласник на самиот себе во крстоносниот поход за идните генерации и историјата на неговата уметност.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На бакрорезот на еден од раните маниристи кои од Фиренца се преселиле во Рим, Франческо Салватио (1510-1563), Триумфалниот поход на Пријап, одушевените Менади влечат еден огромен („анатомски-изолиран“) фалус, исправен во колата, низ имагинарен антички пејсаж.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Транспаренти, поворки, пароли, игри, заеднички походи... сите тие глупости.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На еден колективен поход, некаде во Кент, се изгубија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зарем не е прекрасно скривалиштево? Го најдов кога се изгубив на еден заеднички поход.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Своите импресии од Февруарскиот поход, шефот на британската воена мисија Brasenose Доналд Мекдоналд, ги изнел во својот извештај до својот штаб во Каиро.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Првата македонско-косовска ударна бригада која по борбите во Февруарскиот поход се повлекла во делот на Македонија под Грција во областа Меглен, добила задача да се пробие во Западна Македонија, да ја обнови слободната територија од 1943 година, а потоа да дејствува кон Централна Македонија, да ги пресече патиштата од јужна Албанија кон Скопје, што им служеле на германските единици за врска и снабдување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Никола Поцо практично учествувал во некои турски походи, или во задушување на рисјански буни и тоа во Тусалија и во Црноборската област“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)