потсвест (ж.)
Беше жалослив спрема другите и горд со нешто изгубено што нејасно живееше во неговата пијана потсвест.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Освен негде, на многуте дна на потсвеста, или свеста, или нигде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Шумеше во потсвеста зрелата `рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше под маглата од која испловуваа меки кадри со исто таква боја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Бргу, бргу! Во потсвеста некој командува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тие, потсвеста и времето, низ бесконечни метаморфози, ќе ги трансформираат и репродуцираат визуелниот, колористичкиот и звучниот архетип – во говор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зарем сето ова не е зачнато од некоја моја, само моја потсвест? Или можеби совест?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој плод на стравот, тој сложен облик на обеспокоената потсвест, тоа чудовиште во нивна близина, било 'ркулец на лудило што капнува од облаци или оживува во исконско мочуриште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е една сугестивна музика што делува непосредно на потсвеста, иако не се слуша.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јунг повлекува мошне интересна паралела меѓу поимот на огнот и потсвеста, во својот коментар за мистичните патувања на алхемичарот Михаел Маер.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога анонимниот уметник ја оформи оваа картонско-лимена реклама за бои, тој потсвесно посегна по елементите од колективната потсвест која сите ја имаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Да се обидеме да утврдиме кои елементи на рекламава толку ја поттикнале потсвеста на Duchamp за тој да посака да поседува толку банален примерок на рекламната вештина?
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Уметноста го има тој излез и болно би било да не се искористи, да не се откопаат некакви флуиди од потсвеста.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И кога конечно решив да патувам, бев начисто и во свеста и во потсвеста, дека треба да ги напуштам сите сомневања, на загрижените за мојата иднина на обете страни од границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во мојата свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Диктатура на потсвеста, која е фатена таму каде што ни самата, можеби, да ја потпрашал некаков филозоф- планинар, не би признала дека сака да биде, за таква, крута и грчовита, историски да се претставува како некаков, не дај боже, сатрап.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)