потрошувачки (прид.)
Во делото Слобода, Вие докажувате дека современото општество се интегрира со помош на слободата (потрошувачката слобода), а не со помош на репресија на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ray Ban Еден од статусните симболи на потрошувачкото друштво во вторава половина на дваесеттиот век во секој случај се наочарите за сонце на американската фирма Ray Ban.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Трговски центри го заменија градскиот плоштад, но постои значајна разлика во нивната функција: „За разлика од старите градски плоштади, кои беа и сѐ уште се места на дискусија на заедницата, на протести и политички собири, единствениот вид на говор што тука е добредојден е маркетиншкиот и другите видови на потрошувачки жаргон.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Овој незначителен случај беше брзо и лесно заборавен поради новогодишните расположенија во кои владее потрошувачкиот менталитет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)