потврдно прил.

потврдно (прил.)

Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Четворицата молчешкум потврдно нишнавме со главите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото“, рече О'Брајан бавно, клатејќи потврдно со главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан кимна потврдно, без да покаже изненадување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислел ли секој од нив дека секој друг потврдно ќе гласа, па неговата анатема на Филозофот ќе остане сама, во малцинство, непрепознаена кај логотетот, дека ќе сокрие дека устата му говори слаткоречива лага, а раката пишува вистина злобна?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Влатко потврдно нишна глава, но разговорот прекрати - во училницата влезе одделенскиот раководител.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нина нишна потврдно и заедно се стрчаа накај тополите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сиџилите се сигурно на масата. Мајка кимна потврдно со главата молчешкум.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дали ја планирав одмаздата? Се сеќавам дека на ова прашање, барем досега, повеќепати имам одговорено потврдно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господ морал потврдно да одговори на прашањево и притоа да го спомене и моето име а притоа сфатил дека е негова должност да ги спомене и разговорите што ги имавме водено ние двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ако одговореше потврдно веднаш ќе додадев дека ваквиот нејзин карактер го обожавам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со најавата дека тој ја побарал за жена и, логично, таа му одговорила потврдно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)