последен прид.

последен (прид.)

Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
67. Тие велат: во тоа време кога министерството на Данев ја предаде надворешната политика на Бугарија, во рацете на Русија, последнава, наместо да ни помогне, направи да се ракоположи Фирмилијан во Скопје, и друго, не направи ништо за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
141. Во последно време во бугарската наука сѐ повеќе се протежира теоријата за хунско-алтајскиот карактер на Протобугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Море, побратиме!... И првата тежи и последната тежи!... Разделба е разделба!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Затоа последен пат те молам, кандисај! Дај ми изин! Чекаат мој збор, јас чекам твој...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога се крева завесата Митре е испружен на миндерот потпрен на една перница и задуман пуши, додека Мара ги прибира последните остатоци од голема софра на која вечерале жетварки. Време околу дваесет и три часот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Глигор беше останат последен и беше ја ставил ногата на узенгијата, да се качи на коњот што требаше Анѓеле да јава.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Така Хегел го сметал својот „систем на апсолутна филозофија“ за последен збор на мудроста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
АНТИЦА: (која во последно време стои замислена, издивнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: И дојде да ме спасиш во последниот час?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Во последен час, но не и во свршен час! (ЗАВЕСА)
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
За последен пат Мече фрли поглед на блатото: под зраците на сонцето што заоѓаше, водата гореше во крваво-црвени одблесоци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во подножјето на Беласица ја извиваше веќе својата вита снага каналот, грмеа експлозиите на последните мини.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Последен шум од занданите молкна, срца се стегат да не заплачат.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Збирката ќе му даде можност на нашиот народ да види со што ја обогатил својата умотворна ризница последниве неколку години и ке ги раздвижи неговите творчески сили на тоа поле.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Берлин, Белград, Будимпешта, Букурешт, Берово, Бела Црква... Виена, Виница, Валандово...редум, скоро стотина градови, од првата до последната буква на азбуката.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе