порекне (св.)
Ја повторуваше таа заучена реченица: „Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Не го порекнувам. Мој чин е тоа.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Порекнаа дека воопшто некогаш сме го имале. Станувај, рече Фокс.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Забележете дека Серл не порекнува дека може да има натуралистичко објаснување за Умот и Свеста, но тој сака да покаже дека само компјутер со иста биохемиска структура како мозокот може да биде интелигентен.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
А ако порекнувањето на поединецот предизвикува безгранична власт, од распадот на човечкиот род се раѓа тотална војна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јас не порекнувам дека сум несреќен (негација на негацијата).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Порекнување на другиот Во основа, нациите како процеси на социјална интеграција и толеранција досега функционираа сосема добро.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На едниот концепт границите му се неопходни, другиот ги порекнува.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Нормалниот” производ бара овие операции да бидат порекнати.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сега се заканува трибализмот, или мислењето од стојалиште на припадност на племето, значи, тенденција кон егоизам и волја да се дефинираме порекнувајќи го другиот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа дури успеа и да ја пецне Пег, својата пријателка критичарка, во врска со „темните навестувања“ во брошурата (едновремено ласкајќи со Френковата споредба со прочуениот, покоен професор Трилинг) и Пег весело одговори: „Порекнувај го тоа колку што сакаш, Џоен; Фрост го правеше истото, но критичарите беа во право: ‘Застанувајќи крај шумата во едно снежно попладне’ е песна за смртта.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Амбивалентната положба на одломката веќе навести такво порекнување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ што речеш ил помислиш не стивнува Тук, останува, тлее во вечната правда Не порекнувај оти дур в идни животи ќе страдаш Не се шегувам, не, ова не е никаква парада На хирови и суети, туку уште од доба стара
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)