попреченост ж.

попреченост (ж.)

Необична симетрија! За да се стане човек на политиката, односно да се има тирански предиспозиции, бездруго е потребен некаква ментална попреченост, а и за да се престане тоа да се биде потреба е друга попреченост: зарем не се работи, во суштина, за делириум на величина?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кутриот Бургиба, остана во првата фаза, неговата немоќ да владее, односно менталната попреченост, дојде со староста и болеста беше прекината со државниот медицински удар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Установа се основа заради вршење на дејност во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита, детската заштита, заштита на лица со интелектуална или телесна попреченост, како и во други дејности кои со закон се утврдени како јавна услуга (чл. 6, ст.1 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во чл. 3 се наведуваат основите по кои се забранува директна и индиректна дискриминација (пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор), а во чл.4 е дефинирана примената во областите кои овој закон ги покрива.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)