поодамна (прил.)
Рисот сигурно го дебнел за сето време оној малумен клапчо, сигурно и многу поодамна на него, а сега беше побрз и го однесе во своите заби.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не се сеќавам, иако одамна, многу, многу поодамна од Билјана знам за себе, да сум си поставил вакво прашање.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Веќе од поодамна чувствуваше потреба и да се преоблече, зашто откако беше дојден сè во иста преоблека беше, секогаш цел, облечен легнуваше и стануваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Единствена поткрепа му беше секирата, со која сепак се чувствуваше малку посигурен, а го тешеше и сознанието дека „планината е чиста“, дека од поодамна не се зборува за волци и мечки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Гракнежот нивни се слуша од поодамна, уште од пробивањето на фронтот кога луѓето од селото си ги бараа своите загинати по планината, им ги одграбнуваа, не им ги оставаа да ги колваат, ги носеа во селото и ги закопуваа во селските гробишта; отец Серафим пеејќи им молитва им ги споменуваше имињата и велеше: „Бог да ги прости“.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Од поодамна имам желба да ве запознаам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во Бога се колнам, дека говорам вистина. Жена сум му, господин судија, на Павел Земанек; барем законски, јас сум му сѐ уште сопруга, иако тој веќе од поодамна не живее со мене и со Здењичка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако тоа тие го имале, својот план ќе го реализирале поодамна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Не, за Зрновски немам пишувано од поодамна. Немаше повод.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Откако ќе сретнеа некого кого од поодамна не го виделе луѓето ќе се провикнеа: „Од каде ти сега овде, па згора на тоа уште и жив?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас од поодамна се подготвувам да заминам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Откако завладеал мир во тој дел од болницата прославениот командантот им рекол на лудите дека тој за себеси од поодамна знае оти е презреано јаболко.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Изгледа, чиновниците веќе од поодамна се имале собрано и веќе испиле по една чаша чај.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Денес беше денот кога заедно со духот на Јана, која беше од поодамна домаќин на ангелската трпеза, денес заедно со неа ќе го отворат и конечно ќе ја открие тајната содржина во него.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Турбулентните години кај овој брачен пар веќе од поодамна беа оставиле видлива трага.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)