понекаде (прил.)
Само понекаде некое дрво, сето бело и прекрасно, ја подаваше едната своја страна без димензии, како некој убав дел на недоразвиена фотографија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само уште понекаде сум жива...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие ги отстрануваа од домовите сликите на Сталин, но, уплашени, нив понекаде ги криеја, научени од непостојноста на историјата на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќелавото теме му беше обрабено со ореол од побелена коса, од која сѐ уште понекаде се наѕираше онаа нејзина темна младешка боја.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ѕидот понекаде се извиши толку, да не можеш да го прескокнеш.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
-Погледни ја оваа планина. Понекаде е покриена со снег.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Понекаде под него се покажува скршено гранче од врба. Лисјата се одвај зажолтени.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)