помолчи св.

помолчи (св.)

А кога тргнуваа со оние двајца во црните зори, тие помолчеа крај Дуковата куќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној веќаваше, оној плачеше, поземајќи ги парите од Башмајсторот, оној дури и му баци рака на Башмајсторот, беше една голема, корава рака, испукана од делкање камен и од варта, сите мислеа дека не можеше да се стори ништо, ни една трошка, поинаку; сите тогаш мислеа дека е сега готово, дека по ова на оној ќе мора да му дојде умот, а Башмајсторот ја тргна својата голема рака, помолче, помолче, а после рече: „Чуј, сине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Долго таа млада жена се борела сама со себе дали да му каже на својот маж отворено за тоа дека сака да се раздели од него - продолжи Вера, помолчувајќи малку, како за да собере сили.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кејтеновиот син не одговори веднаш, како фатен во стапица ја наведна главата, помолче. Се чу оти тивко, болно липа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе помолчиме ние и пак ќе се спречкаме: — Ќе нѐ стават на ортома... — Не бре, ќе нѐ пукаат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дедо ми го попули малку и потем рече: - Аха. Знам што мислиш. Потоа помолчеа бааги време.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потем помолче и рече: „Затоа планината се урна кога се обидов умножение да сочинам, отисок од првиот збор, кој беше јас; оти гневот Божји се јавува кога некој лажно јас зема за свое, како Дариј што направил со она јас што му припаѓало на Соломона!“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нема да раскажувам за сите мислења што се кажаа за тоа каде можела да исчезне водата, кога и каде се случило нешто слично, за сочувствителните зборови кажувани на некој посебен, маказаречки начин, за помолчувањето и вртењето глава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас пак се сплеткувам на моралните категории и, најчесто нејасен, зборувањето го доведувам само до половина. Тие си помолчуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој за миг помолча, а потоа рече: „Ти си сакал да ја продадеш“, рече. „Така се слушна“, повтори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Помолче така и загледан во бетонот под себе, рече: „Абре“, рече како за себе, „убаво е што некои луѓе можат да одат по местата, ама каде да одиш, од себе онака ни за влакно не можеш да се поместиш„.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прилично долго помолчеа. Најпосле авторот, смеејќи се, рече: „Ние како да не знаеме што да прикажуваме!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Нешто сте се замислиле!“ му рече Едо писателот откако двајцата прилично долго помолчеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мурџо слути некоја неубава работа од негова страна! и откако помолча малку Морам да ти признам, ќерко златна, и моето срце затреперува кога ќе го видам! Не знам зошто!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дубровчанецот помолча. Во очите му трепереше здржана насмевка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)