померен (прид.)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Викаме така, се дереме ко померени и кроиме планови како да му се кажеме: да ни се даде пат за Југославија. Виза.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поумерените партиски сили во градскиот комитет не беа нагласено ниту за, а ниту против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)