полутемен (прид.)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во полутемната просторија, што нѐ удри во носот со реа на скапана зелка и помија, немаше многу луѓе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Ме прогонуваа во полутемните улици. Бегав под ретката стража на замражените светилки и не мислев на својот живот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во полутемните простори на музејот, во кои е заробена светлината и ставена во функција на паролите кои го слават атеизмот, ја напаѓаат религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во полутемниот простор на музејот се натпреваруваат пароли во прилог на атеизмот, а против религијата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Полутемно небо, со броени ѕвезди. Навеви на мирис од Јанобо цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)