полош прид.

полош (прид.)

О, боже, што да чинам, поарно и јас малку да се иставам дури да се расони, оти што се вели: сонит — манит, полош и од пијан (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама, ела зло без тебе полошо! Само гледај побрго: дури е жешко железото се чука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста слуша натажена, дури се поразлигави малку. Се исекна неколку пати во шамивчето, што му направи голем впечаток на дедот Петка, ги забриша солзите и откако си ја кладе раката пред устата, потпрена на лактот и колената, отвори да зборува не полошо од дедовците: — Море, дејди вујко, дејди родителу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко не претчувствуваше ништо добро, но си рече: „Ако лошото ти дошло на прагот, отвори му ја вратата за да не биде полошо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Никогаш полошо не ми било, - рече Бошко заумено и му раскажа сѐ како му порачал Луман и што мисли дека го чекало.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Говореа, сега, по толку време, ги чу -полошо не може да биде, само подобро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира дека не поминаа ни арно, но има од лошо полошо, та затоа велиме дека не поминаа лошо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Имаше и поопасни, полоши бунтовници од Мариовците, но режимот беше за сите еднаков.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По него јаваа, двајца по двајца, другите бегови на исто така зелени, црни, бели, црвени коњи, не полоши од кадиниот Зеленко, но со внимание ги држеа поназад да не го навредат својот беглер-бег и кадија од кого што зависеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега сум луд, рече. Луд полошо отколку да сум мртов, луд и слушам звуци што не постојат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Полош ли сум од другите?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Момчиња исукајте ги сабјите. Ќе биде зло и нешто полошо од тоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но сите сме некако скиселени: работата во последно време сѐ полошо оди.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Од лошо има и полошо - одговори чичко Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Така, готово е. И полоши ги правевме во партизани.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
2. Летото помина, седбата се собра. Адем ги наполни амбарите со одлична крушевичка 'рж; царевките родија не полошо од 'ржите и јачмењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тиа покрај ниј збираат сермиа, и глодаат и они сиромасите, и којзнае кој се полоши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе