полнота (ж.)
Српската влада, под влијание на една група луѓе што мечтаат за „голема Србија“… го забрани издавањето на весникот, така што ние немавме можност да ги искажеме во целата полнота своите мисли за интересите на македонските христијани”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сакаше сè што губеше на Балканот поради проклетото заостанување зад другите европски народи, во полнота и континуитет да го согледа во природната еволуција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тешко ги припитомуваше најнедостапните во мислите на бескрајот, во идеите на полнотата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Според Бојс, виталната топлина, инхерентно духовна, била извор на полноти јата на телесното и духовното постоење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Беа мигови кои потсетуваа на полнотата на животот поради кои вредеше да се продолжи желбата за живеење, која постепено ја напушташе Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа беше откриената полнота на мигот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Не зборувај глупости, да не те легнам. - Оф, како би сакал да ме легнеш, место празнина, да ме легне една убава, сакана, топла полнота!
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нејзиното присуство беше вистинскиот дел кој недостасуваше во нашата семејна полнота.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го сонува овој ужасен сон со таква полнота што се плаши да не го сонува повторно, а кога буден размислува за него, не умее да го открие и да го протолкува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не беше тоа никаква куртоазија, туку силно внатрешно чувство на достигната полнота при едно читање, кое ти го надополнува дотогашниот живот со нешто возвишено кое дотогаш не си го очекувал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)