покајнички (прид.)
Ни гордо ни покајнички, со малку несигурен чекор на врел или пијан човек.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ѕвездите станаа посветли, штурците погласни кога го испратија него и неговите визии: спокојните и сонливи жители на Нојовиот ковчег без страв минуваат крај неговата празна соба, Мануш и Јанкуло му се враќаат покајнички на заборавениот бог Мирон, тој - стои на сред ринг и бесмислено се клешти кон публиката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе проанализира сѐ и потоа завршува, безмилосно си пресудува, умира со некакво душевно олеснување, свесен е, се казнува, рисјанска му е душата, покајничка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од него. И од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Уште еднаш одекнува гласот на Сеген, тишината, небаре козлето ќе се премисли и ќе го слушне покајничкото мекање...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
-Ова е мое! - вели. Станува божем покајнички. Нервозен е.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Тие мене одамна ме фатија“, рече О'Брајан со блага, речиси покајничка иронија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Знаеше дека покајнички подадената рака не смее да остане неприфатена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Најпрвин посакуваше средбата да биде случајна, на улица, за да ја види неговата покајничка реакција, да му ги види скрстените раце кои молат за прошка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сѐ уште, како да беше вчера, пред неа стоеше фотографијата на Томо ставена во едно од покајничките писма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)