покајание ср.

покајание (ср.)

Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Говорот на неговото срце бараше прошка, нудеше товари покајание, сѐ со цел да ја „испере“ својата совест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште и се чудите од каде толку праведници во редиците за покајание.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Посака животот да го заврши во покајание далеку од светот и самата да си биде судник.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)