познанство ср.

познанство (ср.)

Во Петроград тие имаат широки познанства и се ползуваат со многу арен дочек од горните слоеви на руското општество и имаат големо влијание на него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука и познанството со мариовци и желбите да стане спаија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Значи, славиме десет дни од нашето познанство“ , се исправи во тесна кошула. „Девет“ , дочека Јанкуло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ја познавам! Ана трепнува и зачудено го погледнува. - Не сум очекувала вакво познанство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беше законот на неговиот живот, иако тој го разбираше и безмалу веќе чиниш го сакаше како некое старо познанство во оваа своја приклештеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеја дека војниците сепак ги сфаќаат и после сето познанство незгодно им е да употребат сила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие не јадат обично, тие не се носат обично, кај нив сè се остварува со високи познанства, со високи врски.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Доста е едно познанство за да ти поодмрзне душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со господин Барбашин јас секогаш бев малку во познанство и, се разбира, тој сигурно ќе направи нешто ужасно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на познанство јас не можев да ѝ купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и делам рубли лево и десно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од тој разговор започна нашето познанство, а подоцна и пријателство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„За денес завршуваме. Искористете ги личните познанства, така во почетокот ќе добиеме побрзо одговори на нашите покани за соработка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Благодарение на познанствата од годините додека бев во “Време“, веќе по три дена ми беше испратен компресор, една силна машина, бучна, и црна катран, како локомотива.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го викнав и Гркот само тој не шири познанства. Разговара само во четири очи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Многу интересен круг на познанства се создава кога човек најмалку очекува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Познанството – а особено геј-распознавањето – може да ја расипе таа празнина што треба да се пополни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)