позачисти (св.)
БАБА АНЧА: (ја зима Антица за рака). Ајде ние додека дојдат да позачистиме и поднаредиме.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ќе го позачистат и го јадат. Ама сѐ скришум, оти се под стража. И ако завтасаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И се рече да се капиме во Црна Река, да се позачистиме од земја, од смрдеа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој се сети да се миеме со пепелница. Мијај, тријај и некако ќе се поодлепи косата, ќе се позачистиш. Ќе се причестиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)