подушка (св.)
Ќе подушка по грмушките, ќе крене една задна нога, ќе ја крене сериозно и главата и ќе се помоча на дрвцето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Мачето, откако два - три пати му го покажав на Гаро и му дадов да го подушка стиснато во моите раце, почнавме да го пуштаме во дворот, а напладне тоа самото се прибираше дома, во ладниот трем.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Мајка ѝ ги избриша рацете од едно крпче, ја фати Ема за раменици, се наведна накај неа и малку ја подушка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)