подобрување (ср.)
Не ни покажува ли тоа оти малите држави, па и секоја една земја, со гонењето општонародни цели гонат не хумани цели, ослободувањето на поробените, ами чисто материјални и егоистички цели, т.е. зголемувањето нивно за свој интерес, без да се гледа дали ќе настапи подобрување во судбината на Македонија или не.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во меѓувреме, овде многу се смета на подобрувањето на водниот биланс со пречистувањето на отпадните индустриски води.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сè до денес тој верувал дека има значајни подобрувања во неговите навики, во начинот на размислување и ритамот на живеење.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Основните тези се дека компјутерските модели (машините) можат да се користат за покохерентно прикажување на барем неколку психолошки теории на когниција, додека во исто време, истражувачите ангажирани во борбата за градење на интелигентни артефакти (AI) можат да изведат идеи за подобрување на своите системи од резултатите на експериментите со човечки субјекти водени од психолози.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ваквиот пристап би претставувал значително подобрување во однос на забраната со тоа што би го елиминирал црниот пазар и огромните профити што ги остварува организираниот криминал.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Токму затоа, при последното телефонирање, кога ѝ рече дека има некои видливи знаци на подобрување, таа ќе го испуштеше телефонот од раце.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Според него до подобрување на животот на народот би можело да дојде со една програма на едукација преку која би се подобрила хигиената и здравјето, а животниот стандард би можел да се подобри за кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Систематски и контролирано ќе се следи здравствената состојба на учениците, како и подобрувањето на средината во која учат и живеат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И покрај нивниот денешен поголем низок животен стандард народот изгледа незаинтересиран за подобрување на состојбата, особено што се однесува до животниот стандард кој навистина е малку полош отколку пред војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Да ве информирам дека ние сме опфатени со Европскиот проект за следење на здравствената состојба на учениците и подобрување на средината во која учиме и живееме...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мора нешто да се стори, за подобрување на состојбите. –упорно сакав да наметнам разговор за иницијативи за промени, но не ми успеваше, секој беше навлезен во својата лична приказна...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еден од најчестите видови прописи во светот насочени кон подобрување на визуелното опкружување е регулативата за зонирање со којашто се ограничува употребата на надворешни знаци и билборди.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во неговите воени единици со тек на време влегле и голем број Македонци кои на тој начин настојувале да добијат подобрување на својата положба.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со донесувањето на новиот закон усвоена е доста порестриктивна одредба во поглед на правото на работниците да даваат предлози за подобрување на безбедноста.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: • прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); • второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и • трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сепак, во новиот закон е задржана и обврската на работодавачот со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на работниците, непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина (чл. 12, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во периодот по ноември 2002-та, откако Лозановски добива договор на неопределено работно време, работните услови во битолското друштво се на солидно ниво и со тенденција на постојано подобрување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)