подналутен (прид.)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Знам миличок, ќе го исполниме и тоа! – прекина куклата подналутено.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Зошто го удри Томе? - праша Ане, малку подналутена и намрштена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)