подлегне (св.)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Под неговото длето, му се чини, подлегнува пркосен непријател во челичен оклоп и само нему му е одредено да го продупи со мечот (длетото е веќе остар меч) на човечката правда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Максим Акиноски се истави од прозорецот, оди кај масата,се наведнува над цртежот прострен на неа со намера да продолжи да црта, но веднаш потоа со брзи и долги чекори пак се враќа на прозорецот и лут на себеси, првин што се зафаќа да ги слуша гласовите на лишките, а потоа што подлегнува на народските верувања во нивните способности да искобат нешто лошо, го гледа Васила Митрески кој постојано навалувајќи се на лева страна, на страната на покусата нога, откај `рвениците и низ огратчето оди кај копите во гумното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На одреден начин во расчекор со своите современици, тој дури се реши да раскине со Хердер, токму во моментот кога севкупната интелектуална Германија подлегнуваше на утешителската привлечност на неговата мисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ама, отсега не смеам да му подглегнувам на срцето односно – да подлегнувам на убавицата зад мене.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Не му беше тешко да се ослободи од грешката и не беше во опасност да ѝ подлегне.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Она и самиот не знам зошто не пишувам како да ја разјаснува и претходната мисла, дека си го валкам образот од тоа што сум подлегнал на нешто па сум заборавил да ги регистрирам работите како што правев дотогаш.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Притоа да оставиме трага на овоземните суштества, така и тие полесно да научат да се воздигнат и да не подлегнат на искушенијата кои се во изобилие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Беше прашање на ден кога истрошеното тело на Јана ќе ѝ подлегне на болеста, која како ловец беше спремна за последниот напад и докрајчувањето на пленот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)