подзаврти св.

подзаврти (св.)

Ја подзаврте и рече: Само злото никогаш не се заборава!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе ја подзавртат главата и ќе ми го истурат млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон само промрморе нешто, вели Мисајле, се подзаврте, се позавитка во снегот и пак си ја потпре главата да спие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето само се подзавртеа и почнаа да се завраќаат назадгазум кон ѕидовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се подзавртат и ќе си шепнат, вака, пред рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чини подзаврти го и подзастани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И така, подзавртувајќи се, забележува дека е сама со внучињата притиснати како топли тули во нејзината снага.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стомакот му беше вовлечен и околу половината му се подзавртуваа сините долго носени работнички пантолони.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од една маса отспротива се подзаврте и ја крена раката во која држеше расчадена цигара некој несмасно крупен човек, со месести образи, со одвај два прста место за челото помеѓу веѓите и косата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Што беше ова?“ праша Бошко и се подзаврте, ама пред него врз коњот веќе се навалуваше погоденото тело на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)