поддувне (св.)
Меѓутоа, ако веќе нема река, Софија има „воздушна бања“ - ја има планината Витоша, од која подувнува свеж ветер.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се навалува пламенчето на свеќите, како да поддувнува топол ветер од градините, под црквата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Прозорецот го симнаа - ветрот ја поддувнуваше белата завеса во куќата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со лицата свртени кон ветерот што поддувнува од кај Бистрица, вдишуваат свежина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Поддувна планински ветар - студен и влажен, лесно размрда гранки, певливо разшуме шума. Високо - се разиграа врвовите на боровите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се откинува листот и мислиш право в дланка ќе ти падне, а додека го чекаш, поддувнува ветер, го разигрува и префрлува меѓу земјанките, на патеките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)