подврзе св.

подврзе (св.)

Зар оно сакаше или знаеше оти ќе го подврзе татко му?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И дека наместо тој да ја стутка неа, таа успеала да го подврзе него?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Почекавме така, па после Јон го доведе магарето, ме седна в седелје, ме товари, ко подврзана вреќа и ме однесе дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така со коската в раце, стојам, се крстам и се чудам. Душата ми се подврзува, дишењето ми се поткусува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трудната е исто ко подврзана вреќа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бурична и наиде на дел, во платно подврзан сиво-зеленикав тефтер, грбот и аглите подврзани со кафена имитација на кожа, извалкан од префаќање со нечисти раце и со наслов втиснат во корицата – Ledger (Главна книга), веројатно донесен од Америка, од татка му, некаде во дваесеттите години на минатиот век.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Подврзи го детето, додржи го кутрото, да излезе да се радува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
На насловот на предната картонска фасцикла, која беше доста дебела и подврзана со другата страна со јаженце, со големи букви беше напишано, со познатиот татков ракопис: Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Грнчарот ја подврза косата и горниот крај ѝ го залепи на една грутка влажна глина. Речиси ја посади во глината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)