поглавар (м.)
14. Писмо до поглаварот на англиканската црква во Кантербери.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Поглаварката на вештерките, што имаше густи чатма-веѓи, се поднасука до самиот Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Трет партнер во покерот им беше републичкиот верски поглавар Афз Идриз.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Верскиот поглавар не беше задоволен од двосмислениот одговор.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постојани партнери во покерот и понатаму беа муслиманскиот поглавар Афз Идриз и првоборецот Самир Мустафа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога Лена во еден момент го споменала индијанскиот поглавар Текумсех и она кога тој вели: „Ние не сме господари на земјата, туку нејзини деца.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир. Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето. И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Балканот бил отворен мегдан за табиетите на императори, владетели, војсководци, верски поглавари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само, одвреме-навреме, ако се земе тоа за порок, играше покер со своите најверни пријатели во градот, верскиот муслимански поглавар Афз Б, угледниот турски интелектуалец и учесник во војната Мустафа С, во еден период министер за земјоделство во првата повоена влада на Народна Република Македонија, како припадник на турското малцинство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)