повторлив (прид.)
Повторливите економски кризи од минатото беа сосем непотребни и сега не им се дозволува да се случуваат, но затоа други и исто толку големи пореметувања можат, и се случуваат, без секаква политичка последица, затоа што не постои начин на кој незадоволството би можело јасно да се изрази.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го сепна помислата дека кога човек живее со жена, овој вид на разочарување мора да е нормален, повторлив настан; и длабока нежност, каква што дотогаш немаше почувствувано спрема неа, го обзеде ненадејно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Една и единствена. Инспирација со светска сила. Створение кое е неповторливо. Муза на планетата Земја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)