повишен (прид.)
Ја зеде едноставно, без збор, без повишена температура, без стихови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пријателката ѝ одговорила со повишен глас: - А што мислиш ти, дали ти, госпоѓо моја, нема да плачеш ако ти умре твојата ќерка!? И пријателството од тој ден меѓу нив престанало.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Не замислував“, реков со повишен глас, „дека постои човек во Маказар со толку бујна фантазија. Па уште ладнокрвен.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Конечно десет дена без стеги и синџири. Без прекори и повишени тонови. Конечно десет дена зад портите на рајот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)